Погодени логистички центри за воени цели и три брода кај Одеса
Руските сили изминатата ноќ извршија напади врз логистички центри во украинскиот главен град Киев и неговата околина, кои се користени за воени цели, соопшти Министерството за одбрана на Русија на социјалните мрежи.
Министерството во Москва соопшти дека биле погодени и три трговски брода во Црното Море, во близина на украинскиот пристанишен град Одеса.
Претходно, Службата за вонредни ситуации на Украина соопшти дека бројот на жртвите од руските напади ноќеска во Киев и околината се искачи на најмалку 15 лица.
Покрај тоа, руското Министерство за одбрана информираше дека ноќеска нејзините сили за противвоздушна одбрана собориле 475 украински дронови.