Погледнете дебата на руската телевизија за последните настани во Украина (Видео)


 

Контраофанзивата на Украина на окупираните територии околу Харков донесе неочекувани дебати во руската јавност, затоа што таа, како и руските воени сили, е изненадена од успехот на војската на Киев. На телевизијата почнаа да се појавуваат и поинакви становишта – дека треба да се заклучи мир и да запре крвопролевањето, па дури се споменува и изразот „колонијална војна“. 

Сепак, најголемиот дел од политичарите, аналитичарите и воените стручњаци велат дека овој украински успех не е пораз во војната и дека руската армија ќе направи сѐ што е потребно да ја врати иницијативата. И дека Русија се бори, всушност, со НАТО, кое има многу моќни оружја.

Оваа снимка од руската државна телевизија ја пренесува најраширениот медиум во постсоветските земји – NEXTA. Дебатата е преведена на англиски, па погледнете дел од неа.