Пејачката Туна стана мајка по втор пат, сподели фотографии по породувањето
Поп-пејачката Алтуна Сејдиу- Туна стана мајка по вторпат, а на Инстаграм сподели емотивни фотографии. Таа објави фотографии од раѓањето на нејзиниот син Зен па напиша:
„Се молев на Бог да ми донесе на светот маж кој секогаш ќе ме сака. Тој ме благослови со два сина. Среќен Ден на мајката! Горда мајка на Тиан и Зен.“
Малиот Зен, Туна го роди на Денот на мајките, а прв пат стана мајка во 2017 кога го роди првиот син Тиан. Тогаш Туна позираше речиси гола во поодмината бременост во стилот на Бијонсе, и ги изненади фановите со професионална фотосесија во када со нејзиниот син во прегратки.