„Пари“: За 18 години извршителите наплатиле речиси 2 милијарди евра долгови, само лани 160 милиони


Според структурата на доверители, извршителите во полза на државата во 2023 година наплатила вкупен износ од 4,3 милиони евра, во стопанството се влезени вкупно 132,3 милиони евра, а кај граѓаните 25 милиони евра.
Според структурата на должници, извршителите во 2023 година наплатиле најмногу пари од разни правни лица, над 90,3 милиони евра. Потоа од физички лица износ од 41,9 милиони евра евра и од Република Македонија износ од 29,5 милиони евра.
Комората на извршители е формирана во 2006 година и според нејзината евиденција, за 18 години се наплатиле безмалку 2 милијарди евра. Во овој период се примени 1.993.277 барања за присилна наплата преку извршител, реализрани се 758.352, што значи дека имаат и низок процент на реализација – 38%!
Целата анализа е достапна на следниот ЛИНК.