Oвој хечбек може да го купите за 4.100 евра


Сосема нов, купен од салон, овој хечбек можете да го купите за цена од само 4.100 евра, а сега се подготвува и новата генерација, за која можеби повеќе одговара да се каже освежување, пренесува Tempo.

Станува збор за малиот хечбек од Индија Тiago, кој го произведува Tata, и кој покрај основниот модел со трицилиндричен бензински мотор ќе нуди и целосно електрична варијанта.

Ако го погледнеме добро, особено во делот напредницата, не може, а во него да не ја препознаеме Opel Corsa, која очигледно му била инспирација на некој индиски дизајнер.

Но не заборавајте, така некако почнаа и кинеските производители на возила, па сега, безмалку го преплавија светот со своите автомобили на електричен погон.

Инаку електричниот Tiago чини нешто повеќе од 7.000 евра.