Отворен Центар за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка
Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска отвори Центар за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка.
Делокругот на работа на Центарот за психосоцијална поддршка на Црвениот крст ќе биде спроведување одржливи активности за градење граѓански и национални капацитети за обезбедување прва психолошка помош и психосоцијална поддршка за различни целни групи. Центарот ќе има за цел воспоставување и развивање нови методи кои ќе се базираат на силна меѓуресорска соработка меѓу институциите, семејствата, училиштата, здравствените работници, кое ќе придонесе за посеопфатен одговор на полето на обезбедување психосоцијална поддршка за лицата погодени од кризни состојби.
Саит Саити, генералниот секретар на Црвениот крст истакна светската дека пандемија Ковид-19 и последиците кои ги предизвика несомнено ја наметнаа потребата од обезбедување на прва психолошка помош и сеопфатна психосоцијална поддршка.
-Во 2020 година согласно извештајот на Светската здравствена организација се очекуваше процентот на менталните заболувања да се зголеми за 40 отсто. Населението во Европа секоја година страдаат од мозочно нарушување како што се депресијата, анксиозноста, несоницата или деменцијата. Развојот и последиците од истата несомнено ја нагласија потребата од дополнителни напори за поддршка и грижа за зачувување на менталното здравје. Како податок од 2014 година менталните заболувања во Северна Македонија во селокупниот болнички морбилитет се застапени со 2,6 проценти, рече тој.
Саити информира дека еден од нивните приоритети во наредниот период ќе биде и формирањето на национално тело за градење наполитики и стратегии составено од претставници на институции, експерти членови на Комората на психолози, психијатри, социјални и здравствени работници и претставници од грашанскиот сектор. – Националното тело за градење политики и стратегии има за цел сеопфатно градење, спроведување и зајакнување на системски модел за психо-социјална поддршка преку имплементација на Акцискиот план во кризни услови базиран во знањеа и искуства и негова брза и ефективна имплементација во услови на криза, рече Саити.
Според министерот за здравство, Венко Филипче, сега треба да се работи со децата кои што го сменија начинот на живот и имат проблем затоа што им прекина дружбата и ќе треба да се ресоцијализираат. Тоа, укажа, бара поинаков пристап, луѓе кои ќе бидат присутни на терен спремни и едуцирани да ги препознаваат тие проблеми за да можат да им излезат во пресрет.
-Една студија која ја работи Универзиттеот Харвдард со неколку други универзитети во САД покажа дека состојбата со менталното здравје се уште не е како што треба да биде, односно дека кризата оставила последици во однос на сите елементи нотирани кај учесниците, партиципиентите во таа студија како проблеми во менталното здравје во делот на анксиозноста, стравот, паничните напади, се уште трае. Ова значи дека после завршување на кризата треба многу интензивно да се работи. Таа здравствена криза никој не ја очекуваше и една од најголемите карактеристики беше што требаше да бидеме раздвоени, што е сосема спротивно на нешто што еволуцијата не учи. А, еволуцијата не учи на социјализација, решавање на проблемите заедно и сега имаме една ситуација во која што треба да бидеме посебно раздвоени кога некој е диагностициран или е ставен во изолација, и како додаток на се е стравот кој што не може да се сподели и да се искомуницира што е уште еден дополнителен проблем, рече министерот Филипче.
Министерот информира дека со колегите од Србија и УНИЦЕФ иницирале заеднички проект за подигнување на нивото на знаење и тренинг кај психолозите во училиштата, психијатри во препознавање на предизвите на психолшката кај најмладите.
Енвер Хусејини, заменик-министер за труд и социјална политика, порача дека психолошката прва помош е позначајна од која било материјална помош. Тој посочи дека МТСП ја поддржува оваа иницијатива за Центарот и стојат на располагање на Црвениот крст околу ова прашање.
Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот на државата, истакна дека е горда за нејзиното волонтирање на СОС линијата за психосоцијална помош во 2020 година каде што со психолог и со волонтери од Црвениот крст секој четврток одговарала на повиците на граѓаните кои се јавувале за помош.
-За мене тоа беше безценето волонтерско искуство . На таков начин можев да разговара со повеќе наши сограшани и всушност на таков начин барем делумно на некој да се обидеме со другите колеги волонтери да им помогнеме. Со овој мој личен ангажман сакам да ги охрабрам што повеќе хумани луѓе да волонтираат за солидарно општество. Треба да бидеме свесни дека некогаш вистинскиот збор изговорен во вистински момент може да спаси живот. Се надевам дека овој проект на Црвениот крст ќе помогне за намалување на социјалната стигматизација во општеството за барањето на психолошка помош, а со тоа и да помогнат во справување со негативните последици од пандемијата, рече Ѓоргиевска.
Душан Томшиќ, советник во Министерството за образование и наука,пак, потенцира дека треба да изградиме млади луѓе кои ќе знаат да ги изразат своите емоции и нема да се срамат да станат и да зборуваат отворено за своето ментално здравје.
-Времето на пандемијата и искуствата од минатата учебна година не натераа што можеме да преземаме да го зачуваме менталното здравје на учениците во училиштата. Како една од најважните е психосоцијалната поддршка на учениците за зачувување на менталното здравје и во таа насока Министерството за образование и наука заедно со Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика во соработка со Клиниката за психијатрија воспоставија линија која што обезбедува психосоцијална поддршка на младите. Новата концепција за основно образование ги зголемува вон наставните активности во самите училишта со што преку различни културни, спортски и забавни активности ќе се овозможи децата да се релаксираат и со тоа ќе овозможи да изградат еден здрав однос на себе и да го сочуваат менталното здравје, рече тој.
Томшиќ информира дека МОН во наредниот период ќе вложува во стручните работници во самите училишта, бидејќи, како што рече, тие се стожерот на зачувување на менталното здравје и се повеќе менталното задрвје да се наметне како тема во самите училишта.