Откриени населби на древните Mаи – има и спортски терени и пирамиди


Научниците, благодарение на технологијата LIDAR, односно ласерско скенирање од воздух, откриле речиси 1.000 скриени населби на древните Маи. Подрачјето кое овие населби го покриваат е големо – зградите и структурите се протегаат на 1.683 квадратни километри. Се работи за места кои оваа цивилизација ги населувала од 1000 до 250 години пред новата ера.

Стручњаците од САД, Гватемала и Франција наведуваат дека овие населби биле прилично густо збиени. Во нив се пронајдени куќи. спортски терени, весрки и церемонијални објкекти (пирамиди), како и широки мрежи на насипи и канали, пишува Science Alert.

Напредни системи за одведување и собирање вода

„Многу од тие населби покажуваат политички/социјални/географски однос со другите блиски населби, што резултирало со консолидација во најмалку 417 древни градови, места и села со препознатливи граници“, напишаа научниците во истражувањето.

Како се поврзани населбите, укажува на тоа дека се работело за некој вид кралство, во смисла дека многу од нив имале иста идеологија и политика. Стручњаците наведуваат дека за изградба се пронајдени градби за кои биле потребни бројни вештини: производство на вар, експерти за обработка на камен, архитекти, како и верски и државни службеници.

Исто така, пронајдени се докази за развивање на системите за одведување и собирање вода, кои овозможувале полесен проток на вода меѓу населбите во време на суша и поплава.

Истражувањето се нарекува „LiDAR analyses in the contiguous Mirador-Calakmul Karst Basin, Guatemala: an introduction to new perspectives on regional early Maya socioeconomic and political organization“ објавено во магазинот Ancient Mesoamerica.