Орбан: Трамп „ја изеде за појадок“ Фон дер Лајен


Виктор Орбан
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, коментирајќи го трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, живописно оцени дека тоа не е договор, туку дека американскиот претседател Доналд Трамп „ја изелза појадок претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен“, објави унгарската новинска агенција MTI.
Орбан  изјави дека однапред го очекувал овој исход, со оглед на тоа што американскиот претседател е „тешкаш“ за разлика од претседателката на Европската комисија, која е „лесна“.

 

„Позицијата на американскиот претседател беше многу постабилна, додека позицијата на претседателката на Комисијата отсекогаш беше покревка“, додаде тој.

Договорот вклучува царини од 15% за стоките од ЕУ што влегуваат во САД и предвидува ЕУ да купи значителни количини американска енергија и воена опрема.

САД неодамна склучија сличен договор со Обединетото Кралство, кој е „многу подобар од овој“, смета Орбан. Додаде дека европскиот договор тешко дека ќе може да се претстави како успех.

На „победата“ на Трамп се израдува и Мари Лепен,  која договорот го нарече „фијаско“ бидејќи Обединетото Кралство, кое патем секогаш имало привилегиран статус за САД, добило подобри услови.