Одредени националните претставници кои ќе се натпреваруваат на светските Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Professional натпревари во САД


Успешната приказна која ни носи национални MOS и ACP шампиони, продолжува осма година по ред, вклучувајќи стотици амбициозни средношколци кои се натпреваруваат во примена на најпопуларните софтвери, Microsoft и Adobe. На 25.06.2024 во просториите на Семос Едукација, во организација на CertiAdria, се одржа финалето од проектот за унапредување на дигиталната писменост на средношколците и младите на возраст од 13 до 22 години. Познати се националните шампиони кои ќе ја претставуваат нашата земја на светските натпревари Microsoft Office Specialist (MOS) и Adobe Certified Professional (АCP) во Анахејм, Калифорнија, САД.

Натпреварувачите, имаа можност да ги покажат своето знаење и вештини на:

• Националниот натпревар Microsoft Office Specialist (МOS) каде што ги покажаа своите вештини за Microsoft Office апликациите, поточно за: Microsoft Word, Excel® и PowerPoint;

• Националниот натпревар Adobe Certified Professional (ACP) кој ги тестира вештините на учесниците во Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign.

Учесниците кои успешно ги положија испитите се стекнаа со глобално признаени Microsoft и Adobe сертификати. На прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите присуствуваше градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која ги инспирираше и охрабри финалистите да продолжат да учат и да бидат наша гордост.

Свое обраќање имаа и Татјана Калајџиева, Сениор директор за продажба и мрежа на филијали во во Стопанска Банка, Марко Серафимовски, Директор на CertiAdria и Валентина Тасева, Генерален директор на Семос Едукација кои го своите инспиративни говори ги мотивираа младите финалисти да продолжат во истата насока кон успехот и новите технологии кои ќе им донесат светла иднина.

Рангирани според највисоките резултати, се натпреваруваа 15 учесници, а во продолжение следуваат победниците:

· Најдобриот натпреварувач кој што ќе ја претставува нашата држава на светскиот натпревар за Microsoft Office Specialist е Сердар Цветков од СЕТУГС „Михајло Пупин“ – Скопје.

· Најдобриот натпреварувач кој што ќе ја претставува нашата држава на светскиот натпревар за Adobe Certified Professional е Лука Зотовиќ од СУГС Гимназија Јосип Броз Тито-Скопје.

Нашите национални шампиони во јули ќе патуваат во Анахејм, Калифорнија, САД на светските натпревари каде што ќе ја претставуваат нашата земја.

Оваа година има најмногу финалисти кои испитите ги комплетираа со максимален број на поени – 1000, што е доказ дека вие се најдобрите меѓу најдобрите.

Мисијата на националните натпревари е позитивно да влијаат на дигиталните вештини на младите и да ја постават Македонија на мапата на земји со највисок процент на дигитална писменост и трансформација. Во годините наназад нашите натпреварувачи докажаа дека се доволно способни и вешти за да се квалификуваат на глобалниот натпревар и да застанат на пиедесталот, освојувајќи медали во конкуренција на повеќе од 100 земји и повеќе од 500 глобални финалисти.

Ова е најмасовен натпревар во светот со повеќе од 1 милион положени испити годишно, кој се организира во повеќе од 100 земји во светот.

Овој проект им овозможува на учениците бесплатно да ги полагаат испитите и да се стекнат со меѓународни и глобално признати сертификати, што им го отвара патот за нивен понатамошен развој како во академската така и во професионалната кариера. Поддржувачите исто така ги покриваат патувањето и престојот на националните шампиони на светските натпревари во САД.

Стопанска Банка, Град Скопје, Општина Куманово и Семос Едукација ја поддржуваат и активно ја промовираат дигиталната писменост кај младите генерации и овозможуваат знаењето на најталентираните ученици да стигне до светските шампионати.

Веќе од следниот месец, започнуваат тестирањата за следниот циклус на националните MOS/ACA натпревари 2024/25. Од Certiadria ги повикуваат сите заинтересирани млади лица на возраст од 13-22 години да работат на развој на своите дигитални вештини, да се пријават на овој натпревар и да добијат можност да ја претставуваат нашата земја на глобалните МOS и ACP натпревари.