Нови акцизи во Србија – поскапува ракијата, вискито поевтинува


Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за акцизи, усвоен од Владата на Србија, предвидува дека сите жестоки алкохолни пијалоци ќе се оданочуваат според процентот на чист алкохол измерен на 20 степени Целзиусови во готовиот производ, без оглед на тоа од кои суровини се произведуваат.
Ова го изедначува износот на акциза за сите овие пијалоци во однос на процентот на алкохол во нив, наместо во однос на суровината од која се произведуваат, така што за износот на акцизата нема да биде важно дали пијалокот е направен од овошје, како што е случај со ракијата или од житни култури, кои се основна суровина за производство на виски.

На сите жестоки алкохолни пијалоци кои содржат 40 проценти алкохол, наместо досегашните 136 динари од литар, во буџетот во иднина ќе се слеваат по 185 динари.

Според овие измени, давачките за домашните пијалоци како ракијата би биле поголеми, поради што се очекува зголемување на нивната цена, за разлика од увезените пијалоци, како што е вискито, што би требало да поевтини заради пониските давачки.

Имено, акцизата за овошна ракија сега изнесува 136,62 динари, така што новата од 185 динари би значело зголемување, додека состојбата со вискито со иста содржина на алкохол е сосема поинаква. Сега изнесува 348,17 динари, што е значително повеќе од новата предложена акциза.

Акцизите за пиво и други ниско-алкохолни пијалоци, кои содржат помеѓу 1,2 и 15 проценти алкохол, не се менуваат и ќе се пресметуваат по литар пијалок и во иднина.

Акцизата за пивото и наттаму ќе изнесува 26,44 динари за литар, а за вината и другите пијалоци со низок процент алкохол 23,14 динари за литар.