Нов рекорд: Женскиот тим на Барселона победи пред 91.000 гледачи


 

Женскиот тим на Барселона постави нов рекорд за најпосетен натпревар во историјата, откако го совлада Волфсбург пред 91.648 гледачи на „Камп ноу“. Успехот во полуфиналето на Лигата на шампионите дојде со убедливите 5:1 по головите на Бонмати, Хансен, Хермосо и две од ѕвездата Алексија Путејас.

Роард постигна гол за Волфсбург.

Пред неполн месец Барселона го победи „Реал“ (Мадрид) во женското „Ел класико“ пред 91.553 луѓе, а сега тимот го подобрува рекордот.

Барселона со победата над Волфсбург дојде до сериозна предност пред реваншот кој е на 30 април. Во другото полуфинале играат Лион и ПСЖ, а финалето на турнирот е на 21 мај во Торино. Покрај рекордот на посетеност, Барселона ја продолжи својата неверојатна сезона, победувајќи на сите 39 одиграни натпревари.