Ние со Бугарите сакавме да бидеме браќа, а тие посакаа да ни станат татковци, вели Заев


Премиерот Зоран Заев ја смени донекаде реториката во обраќањето кон Бугарите како „браќа“, велејќи дека тие одеднаш посакале да ни бидат татковци. 
 
„Изградивме пријателство дома и со целиот свет и навистина сме земја која важи за пример на градење на пријателство и нашиот народ е пријателски народ. Тоа веројатно и на Бугарите им е јасно, ние немаме претензии, ние не се закануваме никому и градејќи го тоа пријателство градевме добрососедство и соработка со Бугарија. Тргнавме да станаме браќа и се движевме кон атмосфера да станеме браќа. Многу често сум употребувал мој наратив заради искрената потреба да имаме одлична соработка, но тие наеднаш решија татковци да ни станат и тука е проблемот“, изјави  Заев во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.
 
Тој уште ги повтори познатите ставови дека македонскиот јазик и идентитет никогаш не биле дел од преговорите со Бугарија.