Нетанјаху не се појави на суд, доби одложување
Канцеларијата на израелскиот државен обвинител го одобри барањето на премиерот на земјата Бенјамин Нетанјаху денескa да не се појави на суд и да сведочи во постапката против него што се води поради евентуална корупција.
Обвинителот прифати денешното рочиште да се одложи, додека подоцна ќе го разгледа барањето на Нетанјаху за одложување на тоа појавување пред државните власти на неодредено време.
Судењето беше ставено „на чекање“ поради војната во Иран, која започна на 28 февруари. Нетанјаху требаше да се појави денескa и да сведочи, бидејќи во меѓувреме беше договорено двонеделно примирје, што го објави претседателот на СAД, Доналд Трамп.