Нелегитимниот син на норвешката принцеза на суд за повеќекратни силувања


Мариус Борг Хоиби, најстариот син на норвешката принцеза Мете-Марит, е обвинет за повеќекратни кривични дела, вклучително и силување, објави денес обвинителката Стурла Хенриксбо.

Обвинението доаѓа околу една година откако се појавија првите обвинувања за кривични дела против најстариот син на принцезата. 28-годишникот е обвинет за вкупно 32 обвиненија, вклучувајќи силување и сериозни сексуални злосторства.

Судењето ќе започне следната година
Според јавниот обвинител, судењето веројатно ќе започне кон средината на јануари 2026 година, а тој се соочува со затворска казна до 10 години.

Хоиби е син на принцезата од кратка врска со осуден криминалец што таа ја имала пред да се омажи за престолонаследникот Хакон, кој сега има 51 година. Иако Хоиби е член на семејството, тој нема кралска титула ниту јавна улога.