Назначен е нов командант на руската Црноморска флота на Крим


Виктор Соколов е назначен за нов командант на руската Црноморска флота со седиште во Крим, јави денеска агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на извори, а пренесе Ројтерс.

Ова назначување уследи по експлозиите во руските воени бази на Крим минатата недела и вчера, наведува британската агенција.

Вчера експлодираше складиште за муниција во Џанкој на северот на Крим, при што беа повредени две лица и предизвика прекин во железничкиот сообраќај.

Вчерашниот инцидент уследи по серијата експлозии минатата недела во руската воздухопловна база на Крим, за кои украинските власти рекоа дека биле дел од некаква специјална операција и кои Москва ги отфрли како несреќа, според Ројтерс.