Напишале S.O.S. на плажа и биле спасени


Тројца мажи биле спасени од мал остров на Пацификот, откако напишале огромен СОС знак во песокот, кој бил забележан од воздухот.

Тие се воделе како исчезнати во архипелагот на Микронезија скоро три дена кога спасувачите во австралиските и американските авиони го забележале нивниот знак за помош во неделата на ненаселениот остров Пикелот, соопшти вчера австралиското Министерство за одбрана.

Како што изгледа, тие тргнале од Пулават во чамец од седум метри на 30 јули и планирале да преминат околу 43 км до Пулап, но останале без гориво, соопшти Министерството.

Спасувачите во Гуам побарале помош од Австралија. Воен брод Канбера кој се враќал од вежба на Хаваи се насочил кон областа и им се придружил на американските тимови за пребарување од Гуам.

Исчезнатите мажи биле пронајдени на околу 190 километри од местото од каде шт тргнале. Тие биле пронајдени во добра состојба и австралискиот воен хеликоптер можел да слета на плажата и да им донесе храна и вода.