Најпосле и Трамп ги повика луѓето да се вакцинираат


Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, ги повика луѓето да се вакцинираат против корона вирусот, велејќи им дека ќе препорача вакцинација на „многу луѓе кои не сакаат да ја направат, и многу од тие луѓе гласаа за мене“.

Во интервју во вторникот навечер на Фокс Њуз, Трамп призна дека луѓето можат слободно сами да одлучуваат дали ќе бидат вакцинирани против Ковид-19.

„Ние ги имаме нашите слободи и мора да живееме според тоа и се согласувам и со тоа. Но, тоа е одлична вакцина. Тоа е безбедна вакцина и нешто што функционира“, рече тој.

Републиканското противење за примање на вакцината е силно. Новата анкета на Центарот за истражување на јавни работи и Асошиејтед пре спокажа дека 42 отсто од републиканците велат дека веројатно или дефинитивно нема да примат вакцина, во споредба со 17 проценти од демократите.

Трамп ја промовираше вакцинацијата и порано. Кога се појави на годишната конференција за Конзервативна политичка акција на крајот на февруари, тој рече: „Сите, одете да примите вакцина“.

Претходно, поранешниот цар за тестирање на корона вирусот на Доналд Трамп, адмирал Брет Џироар, го повика поранешниот претседател да се справи со колебливоста околу вакцините меѓу републиканците.