Најмалку 60 загинати – стотици се водат за исчезнати во бродска несреќа


Најмлаку 60 луѓе загинаа, а уште неколку стотици се водат за исчезнати во бродолом во езерот Маи-Ндомбе во западниот дел на Демократска Република Конго, соопштија локалните власти.

Бродот бил преоптоварен со повеќе од 700 патница, јавува ДПА.

-Веќе се најдени 60 тела и 300 преживеани, изјави министерот за хуманитарни активности Стив Мбикаи.

Бродот го напушти главниот град Киншаса во текот на вчерашниот ден и се преврте во близина на селото Лонгола Екоти, рече министерот.

Несреќи со бродови поради пренатрупаност се случуваат често низ Африка, каде што многу луѓе користат бродови како начин за секојдневен транспорт.