Награди „Билборд 2021“: Пинк е музичка икона
САД– Нејзините обожаватели долго време ја сметаа за икона, но сега е официјална: Пинк (41) треба да ја добие наградата Икона на музичките награди Билборд оваа година.
Како што објави „Тудеј“ денес, кантавторката ги следи стапките на само уште девет незаборавни дела почестени за нивното трајно влијание врз музичката индустрија.
„Како мало девојче, секогаш сонував да бидам пејач и да ја споделам својата љубов кон музиката со светот“, рече Пинк во соопштението за јавноста. „Години подоцна, ткако Икона на „Билборд“ се чувствувам толку почестено што се приклучив на редовите на музички идоли како Шер, Гарт Брукс, Џенет Џексон и Стиви Вондер “.
Меѓу другите икони од минатото се и Принс, Мараја Кери,Џенифер Лопез, Селин Дион и Нил Дајмонд.
Статусот музичка икона , според соопштението за печатот на ББМА, е само за изведувачи кои „постигнале извонредност на Билборд топ листите“, што Пинк неоспорно го стори.
Во текот на нејзината кариера, пејачката од „Cover Me in Sunshine“ има 33 песни на Билборд Хот 100 и осум Топ 10 албуми на Билборд 200 табелата, а нејзините три најнови албуми дебитираа на број 1. И благодарение на соработка во 2016 година со кантри -ѕвездата Кени Чесни, таа дури имаше врвни настапи и на топ-песните на Билборд и на топ-листите на „Country Airplay“.
Во 2000 година, Пинк беше прогласена за најдобар поп нов уметник, а за жена на годината на Билборд во 2013 година.
Оваа година Пинк ќе настапи и на сцената на ББМА. Музичките награди „Билборд“ во 2021 година ќе се емитуваат во недела, 23 мај во 20 часот.
Д Викенд иа најмногу номинации годинава-16. Го следат Поп Смок кој почина лани на 21 година со 10 номинации- а Џус ВРЛД кој почина на 20 години- со 7 номинации.