Награди „Билборд 2021“: Д Викенд води со 16 номинации


САД– Поп-ѕвездата Д Викенд немаше среќа со Греми, но тој е водечки номиниран на музичките награди Билборд во 2021 година, каде што раперите Поп Смок и Juус ВРЛД заработија повеќе постхумни номинации, вклучително и најдобар изведувач, а омаловажениот кантри пејач Морган Вален доби шест номинации.

Д Викенд го следат Поп Смок кој почина лани на 21 година со 10 номинации-  а Џус ВРЛД кој почина на 20 години- со 7 . Сите тројца заедно со Тејлор Свифт и Дрејк ( со најмногу освоени награди) се натпреваруваат за водечката категорија- најдобар изведувач. Наградите Билборд ќе се емитуваат во живо на 23 мај.

Викенд заработи 16 номинации, вклучувајќи најдобар машки изведувач, најдобар R&B изведувач, најдобар албум Билборд 200 за „After Hours”  и најдобра песна на Hot 100 за „Blinding Lights“, број 1 песна од минатата година. 

За најдобар албум  се новинираните албумите на Лил Бејби и на Тејлор Свифт .

Кантри-пејачот Морган Вален не е најноминиран пејач на кантри музиката за наградите. Тој статус го има Габи Барет, која е најноминирана жена со девет номинации. Таа доминираше и во кантри и во поп-топ листите со нејзиниот хит „Се надевам“, заедно со Чарли Пут. Таа е единствената жена номинирана за најдобар кантри изведувач и најдобра кантри песна.

Наградите „Билборд“ се базираат на периодот од 21 март 2020 година до 3 април 2021 година. Межу другите ѕвезди со повеќе номинации се Бед Бани, Крис Браун, Меган Ти Сталион, Доџа Кат и Џастин Бибер. (АП)