На Лавров не му дале керозин за авионот во Бразил
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров доживеал голема непријатност за време на неговата турнеја во Латинска Америка! По посетата на Куба и Венецуела, Лавров дојде на министерскиот состанок на Г20 во Бразил, но таму наиде на многу непријатности бидејќи операторот на аеродромски услуги во Рио де Жанеиро одбил да го наполни горивото на рускиот Il-96 со керозин.
Компанијата „Вибра Енергија“ наведува дека ваквата одлука е донесена поради американските санкции кои забрануваат услуги на руски владини авиони. Лавров, кој сакал да отпатува во Бразилија на средба со претседателот на земјата Луис Инасио да Силва, потоа сакал да се врати во Москва, а се разгледувала и можноста авионот да се наполни со керозин од бразилските воздухопловни сили. Меѓутоа, тој план пропаднал, пишува АероТелеграф, бидејќи според официјалната верзија – армијата немала доволно гориво.
Лавров потоа морал да лета до главниот град на Бразил како патник во авионот на министерот за надворешни работи Мауро Виеира.