На аеродромот во Лондон спречено киднапирање на дете

Пред полетување, сопрене авион на аеродромот „Хитроу“ во Лондон, затоа што полицијата се посомневала дека на него има дете кое е киднапирано.
Имено, полицајците го сопреле полетувањето на авионот кон Букурешт, Романија, откако мајката пријавила дека детето е одземено ден порано.
Мажот, кој бил на авионот со детето, исто така е изведен од авионот и уапсен, пренесе Индепендент.
„Кога стигна пријавата, почна трка со времето за да ги пронајдеме“, вели Рут Вокер од локалната полиција.
Полицијата користела разузнавачки податоци и камери за препонзавање регистарски таблички за да утврди каде се движи возилото на осомничениот од Нотингем до аеродромот во Лондон, веднаш откако стигнала пријавата.
Освен тоа, користеле и податоци од граничната полиција и откриле дека осомничениот има карти за лет за Букурешт.
„Авионот беше спремен за полетување, но успеавме да стигнеме таму на време. Авионот се врати на терминалот, а мажот е уапсен“, рече Вокер.
Наведува дека во прашање бил комплексен и предизвикувачки случај со голем притисок.
Осомничениот е испитан во полиција и пуштен на слобода со кауција и дополнителни услови, а детето е вратено на мајката.