На 59 години почина Ник Кејмен, познат од рекламите на Левис 501 и од соработката со Мадона
Англија– Ник Кејмен, пејачот и модел кој направи четири рекорди кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите, почина на 59-годишна возраст.
Кејмен, роден во Есекс, чие вистинско име беше Ивор, се прослави преку рекламирање на фармерките Левис 501 во 1985 година, што го привлече вниманието на Мадона.
Во рекламата, тој се соблече во перална, на хитот на Марвин Геј I Heard It Through The. Клипот честопати се нарекува една од највлијателните ТВ реклами некогаш направени, и резултираше со 800 процентно зголемување на продажбата на фармерките 501.
Мадона го ангажира Кејмен за песната Each Time You Break My Heart која се најде на петтото место на топ-листата во Велика Британија. Мадона беше придружен вокал и се појави во музичкото видео.
Во радио интервју за Би-Би-Си во 1986 година, пејачката рече дека е инспирирана од „харизмата“ и „прекрасниот глас“ на Кејмен. Во тоа време имаше шпекулации за природата на нивната врска, иако и двајцата негираа дека некогаш биле романтично вмешани.
Меѓу ѕвездите кои му оддадоа почит на Кејмен е неговиот близок пријател Бој Џорџ, кој напиша на Интернет: „Р.И.П на најубавиот и најслаткиот човек!“
Помеѓу 1987 и 1992 година, Кејмен продуцираше уште три други ЛП, вклучувајќи го и синглот I Promised Myself, кој се најде на првото место во неколку европски земји. (Телеграф)