На 1 октомври нема летови од аеродромот во Брисел


На 1 октомври нема да има летови од аеродромот во Брисел, се вели во соопштението од аеродромот. Одлуката е донесена поради претстојниот штрајк на безбедносниот персонал.

Се очекува да бидат погодени околу 50.000 патници. Аеродромот ќе прифати само некои од планираните слетувања, објавија локалните медиуми.