Модниот перформанс на Ивана Кнез во фокус на настанот „Мода меѓу страници“во Скопје
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје организира културно-моден настан „Мода меѓу страници“, кој ќе се одржи на 30 јуни 2026 година (вторник), во 20 часот, во дворот на Библиотеката.
Под мотото „Библиотеката е во мода, модата е во библиотека“, настанот ќе понуди несекојдневен спој на книжевноста, модата и музиката.
• модна ревија
• сценски настапи со поезија и музика, со акцент на книгата како инспирација
• видеопроекции и креативни моменти што ја оживуваат приказната на страниците
• уникатна уметничка атмосфера, со мултимедијален перформанс на модната креаторка Ивана Кнез, каде книгата станува центар на вниманието
Настанот е замислен како спој меѓу културата и современото, со цел да се истакне дека читањето е секогаш модерно.