Мицкоски во Виена ги навреди домаќините, а Европа ја направи „силеџија“, реагира СДСМ
Опозициската СДСМ вечерва реагираше на ставовите на премиерот Христијан Мицкоски кажани на прес-конференцијата во Виена, рече дека тој ги навредил домаќините, ја направи Европа „силеџија“ која врши „булинг“ врз Македонија.
„Оваа изјава не е само дипломатска катастрофа, таа е срам за целата држава.
Вели дека тој ‘направил сѐ’, а процесот станал ‘приказна без крај’.
Човекот кој освен конфликти, злупотреба на службена должност и лично богатење не направил ништо на дипломатскиот план, сега ја затвора вратата на ЕУ таму каде што оди.
Процесот за ЕУ трае 21 година. Колку години од тоа време ги украдоа прво Груевски, а сега и Мицкоски?
Колку години Македонија стагнира со оваа криминална група ВМРО?
Сето ова го прави по директива од Москва, за да го запре патот на Македонија кон Европската унија.
Како може Црна Гора и Албанија да напредуваат, а ние да стоиме на место? Исто како и во Србија, каде што поради еден диктатор се замрзнуваат европски средства.
Менторот Орбан им падна. Наскоро ќе паднат и овие двајца“, велат од СДСМ.