Меркел: Имаме нова пандемија, затворајте сè

Иако вчерашниот состанок на гувернерите на германските покраини и канцеларката Ангела Меркел беше прекинат, таа утрово се огласи и на сите им порача дека мерките се заоструваат.
СПоред нејзина одлука, Германија ги продолжува рестрикциите уште еден месец и воведува некои строги мерки во текот на петте дена велигденски празници во настојување да се сопре ширењето на корона висруот.
Таа во изјава по маратонскиот видеоразговор со 16 говернери на германските држави рече дека рестрикциите воведени до 28 март, ќе останат на сила до 18 април.
„Ние, такаречи имеме нова пандемија. Имаме во суштина нов вирус, секако од истиот вид, но со потполно поинакви карактеристики, значително посмртоносен, поинфективен и инфективен на подогло време“, рече Меркел.
Повеќето продавници ќе бидат затворени и верските служби откажани за велигденскиот викенд од 1 до 5 април со зајакнати рестрикции за да се сопре ширењето на заразата од кроона вирус , објави Меркел.
Собирањата, како и рестораните на отворени се забрането од 1 до 5 април и продавниците за храна може да се отворат на 3 април.
На сила се мерките од крајот на 2020 година, како ограничувања на приватни собири, затворање на културни установи и места за забава кои се продолжени до 18 април.
„Ситуацијата е сериозна, бројот на случаи расте експоненцијално и креветите во интензивна нега се повтоно полни“, рече канцеларката за новинарите по 12 часа разговор со гувернерите.
Експоненцијалниот раст на нови случаи се должи на британскиот сој.
Стапката на зараза вчера во Германија надмина 107,3 случаи на 100.000 жители, со 7.700 нови случаи на зараза и 50 починати.
Нема да се воведе полициски час и нема да бидат затоврени училиштата. Школската настава веќе беше прекината од декември до февруари, а некои ученици сè уште одат на училиште преку еден ден.
„Ние сме во трка да ја спроведеме вакцинацијата што побрзо“, рече Меркел.
Поради страв од зголемен број нови случаи за време на празниците за патување во странство потребно е тестирање на Ковид-19, односно за Германците кои со авиони пристигнуваат во својата држава.
Според Меркел ситуацијата би се подобрила ако повеќе луѓе се вакцинирани. Дoсега во германија се вакцинирани 9 отсто од населението со една доза, а 4 отсто со две.
Меркел рече дека го поддржува настојувањрто на Европската комисија да ја блокира испораката на вакцини и компоненти за вакцини од ЕУ за да се осигура изполнувањето на претходно договорените испораки кон Унијата, наведувајќи ги проблемите со снабдување на вакцината „АстраЗенека“.