Мелони свика состанок на владата откако италијански суд ги укина наредбите за испраќање мигранти во Албанија
Италијанската премиерка Џорџа Мелони закажа состанок на нејзината влада за италијанско-албанскиот миграциски договор по неговата прва пречка, јавија италијанските медиуми.
Претходно денеска италијански суд ги укина наредбите за испраќање на првата група мигранти фатени во Медитеранот во центрите за мигранти во Албанија.
На прес-конференција во Бејрут, каде што е во кратка посета, Мелони ја критикуваше судската одлука и ја нарече пристрасна. Таа додаде дека е многу тешко да се работи на изнаоѓање решенија за проблемите на Италија кога се соочуваме со противење од некои од институциите кои треба да помогнат да се најдат тие решенија.
На состанокот на владата следниот понеделник, Мелони и нејзините министри ќе разгледаат како да ја надминат првата пречка за италијанско-албанскиот миграциски договор што стапи на сила претходно оваа недела.