Макрон во ОН: Инвазијата на Украина е враќање во ерата на империјализмот


epa10195777 President Emmanuel Macron of France delivers his address during the 77th General Debate inside the General Assembly Hall at United Nations Headquarters in New York, New York, USA, 20 September 2022. EPA-EFE/JASON SZENES

 

Францускиот претседател Емануел Макрон од говорницата на Генералното собрание на ОН ја обвини Русија за „враќање на империјализмот“ поради нејзината инвазија на Украина која започна на крајот на февруари.

„Она на што сме сведоци од 24 февруари е враќање на ерата на империјализмот и колониите. Франција го одбива тоа и упорно ќе бара мир“, рече Макрон во говорот на генералната дебата на Генералното собрание на ОН.

„Кој е денес хегемонист ако не Русија“, додаде Макрон, оценувајќи дека „оние кои молчат за таа инвазија му служат на овој нов империјализам со одредено соучесништво и тоа претставува модерен цинизам кој го загрозува меѓународниот поредок, без кој мирот не е можен“.
Пред да разговара со новинарите во Њујорк, Макрон најавата за одржување референдум за припојување на четири украински региони кон Русија ја нарече пародија.

Францускиот претседател додаде дека најавата за организирање референдум претставува дополнителна провокација и цинизам.

Проруските власти во четири региони на Украина најавија итно одржување референдуми за приклучување кон Русија од 23. до 27 септември.