Макрон: Израелските напади врз болницата во Газа не може да се толерираат

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека израелските напади врз болницата во Газа, кои предизвикаа смрт на цивили и новинари, се недозволиви.
Макрон на X напиша дека цивилите и новинарите мора да бидат заштитени во сите околности.
– Медиумите мора да бидат во можност слободно и независно да ја извршуваат својата мисија да известуваат за конфликтите, наведе Макрон, повикувајќи го Израел да го почитува меѓународното право.
Тој информира дека за ситуацијата во Газа разговарал и со емирот на Катар.