Макрон: Франција го поддржува проширувањето на Советот за безбедност на ОН


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави на Генералното собрание на ОН во Њујорк дека Франција го поддржува проширувањето на Советот за безбедност на Обединетите нации.

-Германија, Јапонија, Индија и Бразил треба да станат постојани членки на Советот за безбедност на ОН, рече Макрон, пренесе БФМ ТВ.

 Тој рече дека две земји избрани од Африка да ја претставуваат, исто така, би можеле да се приклучат на Советот за безбедност на ОН.

 Бразилскиот претседател Луис Игнасио Лула да Силва во вторникот изјави дека одлуката да нема постојани места во Советот за безбедност на ОН за Латинска Америка и Африка е неприфатлив одраз на колонијалното минато.

 Советот за безбедност на ОН има пет постојани членки: САД, Велика Британија, Франција, Русија и Кина, кои имаат право на вето.

 Покрај петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН од 1965 година, има и 10 непостојани членки, кои се избираат од Генералното собрание за период од две години, почнувајќи од 1 јануари, со замена на пет членки на секои година.

Африка дава три члена, Јужна Америка, Азија, Западна Европа и други даваат по два члена, а Источна Европа по еден член.