Мајка ги оставила трите деца во шума покрај Москва, каде се смрзнале


Жена во Русија наводно ги оставила своите три деца без облека во шума на многу ниски температури, поради што тие добиле сериозни смрзнатини.

Жена на возраст од 33 години во петокот навечер имала намера да ги убие своите три деца близу главниот град на Русија, Москва, велат истражителите.

Локален жител ги нашол малолетниците потполно смрзнати на минус 15 степени Целзиусови и ја известил полицијата.

Децата се префрлени во болница, а според РИА Новости, едно од нив е во критична состојба и на респиратор.

Мајката е одведена во клиника, каде ќе се провери нејзината ментална состојба, а против неа е покрената казнена постапка за обид за убиство.