Лукашенко потврди: Пригожин е во Белорусија
Претседателот на белорусија откри што разговарал со основачот на „Вагнер“ и како го убедил неговите единици да не одат кон Москва
Белорускиот лидер Александар Лукашенко изјави дека основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин е во Белорусија, пренесува белоруската државна новинска агенција Белта.
Според договорот со посредство на Лукашенко во саботата и со кој заврши бунтот на „Вагнер“ во Русија, Пригожин требаше да се пресели во Белорусија.
Неговите луѓе имаа избор да му се придружат или да бидат интегрирани во редовните руски вооружени сили.
Лукашенко, исто така, рече дека неговиот министер за одбрана, Виктор Креников, му рекол дека не би имал ништо против да има единица како „Вагнер“ во белоруската армија. Тој му наложи на Хреников да разговара за ова со Пригожин, пренесе Белта.
Претходно денеска беше објавено дека авион поврзан со Пригожин ја напуштил Москва и слетал во Белорусија, а американски функционер изјави дека престојувал во еден од ретките хотели во Минск без прозорци.
Пригожин не е виден во јавноста откако во саботата го напушти јужниот руски град Ростов на Дон и им нареди на своите платеници да се повлечат.
Лукашенко откри и нови детали од разговорите што ги имал со рускиот претседател Владимир Путин и Евгениј Пригожин за време на викендот, откако тврдеше дека тој одиграл инструментална улога во запирање на бунтот во саботата.
Според изјавата на Лукашенко, објавена од белоруските државни медиуми, тој разговарал со Путин по телефон во 10 часот по локално време во саботата наутро за растечката криза на југот на Русија.
„Најопасната работа, како што јас разбирам, не е каква беше ситуацијата, туку како може да се развие и нејзините последици. Сфатив и дека е донесена сурова одлука – да се уништи. Му предложив на Путин да не брза. Ајде да разговараме со Пригожин, со неговите команданти“, ги објасни Лукашенко тие рани разговори со рускиот лидер.
Лукашенко рече дека Путин потоа му рекол дека Пригожин нема да одговара на телефонските повици, па затоа се обидел да најде телефонски броеви за да го контактира Пригожин и „до средината на денот организиравме дури три канали преку кои можеме да разговараме со Ростов“.
Во 11 часот по локално време, Лукашенко рече дека му се јавил на Пригожин, кој „веднаш го кренал телефонот“, велејќи дека основачот на „Вагнер“ звучел еуфорично.
„Разговаравме во првиот круг од 30 минути со пцости. Исклучиво. Имаше 10 пати повеќе пцости – подоцна ги анализирав – отколку нормалниот речник. Се разбира, тој се извини однапред и почна да ми кажува сè користејќи ги овие непристојни зборови“, рече Лукашенко.
Лукашенко рече дека го предупредил шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин дека неговите сили ќе бидат уништени доколку продолжат со маршот кон руската престолнина.
„На половина пат ќе те смачкаат како бубачка“, се сеќава Лукашенко како му рекол на Пригожин за време на разговорот во саботата, според белоруските државни медиуми.
Лукашенко рече дека Пригожин му рекол: „Сакаме правда! Сакаат да нѐе задават! Ќе одиме во Москва!“
„Долго време се обидував да го убедам. И на крајот му реков: ‘Знаеш, можеш да правиш што сакаш. Но, немој да се навредуваш од мене. Нашата бригада е подготвена за трансфер во Москва’“, рече тој.
Лукашенко рече дека му кажал на Пригожин дека „оваа ситуација не ја засега само Русија. Тоа не е само затоа што ова е наша татковина и затоа што, не дај Боже, овие превирања ќе се прошират низ цела Русија, а предусловите за тоа беа колосални, ние бевме следните“.