Љутков се журкаше во ритамот на Black Coffee во Скопје (фото)
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков синоќа беше меѓу илјадниците посетители на првиот концерт кај нас на популарниот јужноафрикански диџеј и продуцент Блек Кофи (Black Coffee), на Стадионот на АРМ во Градски парк во Скопје, во организација на „Авалон“.

Неговата музика претставува мешавина од разни електронски стилови, првенствено хаус, но има и елементи на аренби и џез.Во 2022 доби Греми за најдобар денс/електронски албум.

„Вечерва Скопје пулсираше во ритамот на Black Coffee.Настани како овој се доказ дека нашиот главен град сè повеќе станува препознатлива културна и музичка дестинација, место каде што светските музички имиња ја среќаваат македонската публика.

Благодарност до Авалон Продукција за професионалноста и посветеноста во создавањето на вакви музички моменти. Токму ваквите настани носат нова енергија, привлекуваат гости од регионот и ја ставаат Скопје на мапата на современите музички случувања.

Посакувам ваквите концерти да станат сè почести, затоа што културата и музиката се она што го прави градот жив, отворен и поврзан со свето“, сподели на ФБ, Љутков.

