Либија во хаос и 10 години по Арапската пролет


Околу важниот град Сирте се трупаат војски од сите страни

Десет години откако во востанието во Либија со поддршка од НАТО е соборен и убиен лидерот Моамер Гадафи, земјата и понатаму е окована во судири и хаос, а нејзините жители тонат во сиромаштија и покрај големото нафтено богатство.

Мировниот процес под покровителство на ОН побуди внимателна надеж дека кревкото примјирје постигнато во октомври може да донесе траен мир, но засега Либија е поделена на два ривалски табори, секој со своја милиција, платеници и странски поддржувачи.

Покрај тоа, анархијата ја претвори Либија во голем северноафрикански центар за криумчарење мигранти, од каде десетици илјади луѓе тргнаа на опасно патување кон Европа.

Ужасот од големите број давање во Средоземно Море може да му конкурира само на одвратните злоставувања и мачења во мигрантските кампови кои се управувани со милициите и на откривањето на масовните гробници со либиски цивили во песокот на неодамнешните фронтови.

„Десет години по револуцијата, Либија е поискривена држава отколку што беше под Гадафи, изјави Емадедин Бади, аналитичар на невладината организација Глобална иницијатива со седиште во Женева.

Десет години подоцна јасно е дека востаниците на така наречената Арапска пролет во Либија донесоа масакр, а не долго посакуваните слобода и напредок, судбина може да се спореди само со страдањата на разурнатите од војна Сирија и Јемен.

„Состојбата е катастрофална за обичните граѓани поради постојаните судири и поделби, изјави Мазен Хејралах (43), кој живее и работи во Зауја, западно од либиската престолнина.

„Кризата со коронавирусот само ја влоши ситуацијата, рече вработен во либиското електростопанство, чие семејство е погодено од подивената инфлација и други тешки последици на уништената економија.

„Со цените кои продолжуваат да растат повеќе не можеме достојно да живееме“.

Една деценија од војната

Маџи, 36-годишен стоматолог се присетува на „искрите“ на револуцијата што почна во Бенгази, источна Либија во февруари 2011 година, додека бранот продемократски востанија почна од Тунис и брзо го преплави регионот.

Дури тогаш „сфатив дека не знаејќи сме живееле во терор“, изјави Маџи, кој не сакаше да му се објави презимето.

Либиското народно востание со воздушна поддршка од НАТО, предводена од САД, Велика Британија и Франција, заврши истата година со смртта на Гадафи. Тој беше фатен во одводен тунел во Сирт и убиен на самото место.

Крајот на неговата 42-годишна диктатура беше почеток на хаосот кој го дестабилизира поширокиот регион преплавувајќи го регионот со оружје и борци. Либија, со своите седум милиони жители, со години години остана под контрола на десетиции милиции кои по потреба ја менуваат лојалноста.

Џихадистите исто така го искористија безбедносниот вакуум и раководеа со нападите од своето упориште во Сирт, убивајќи голем број странски туристи во Тунис во 2015 и во 2016 година.

Салима Јунис, разведена 57-годишна жена, која хонорарно работи како секретарка во едно училиште во Триполи, изјави дека изминатата деценија ја поминала „во обид да преживее од ден за ден, буквално избегнувајќи ги куршумите“.

Малата куќа што ја изградила трипати е оштетена во различни судири и бидејќи немала пари за нејзина обнова на крај го продала земјиштето и се преселила во стан.

Таа рече дека пред 2011 година „пристојно заработувала работејќи повеќе од 20 години за странска нафтена компанија, која заминала од земјата и никогаш повеќе не се вратила“.

Ривалски бази на моќ

Либија сега е поделена помеѓу два ривалски табори со седиште во двете историски покраини, Триполитанија на запад и Циренаики на исток, центри на моќ многу пред да биде создадена либискатра држава во колонијалната ера.

Со западот управува влада на надционален договор (ГНА), воспставена во Триполи во 2016 година. Таа е признаена од Обединети нации, а воено е поддржана од Турција и Катар.

Истокот на земјата е контролиран од администрацијата која ја прогласи избраниот парламент, која не ја признава ГНА, а има поддршка од воениот моќник Калифа Хафтар. Администрацијата е поддржана од Обединети Араспки Емирати, Египет и Русија.

Силите на Хафтар го држеа Триполи 14 месеци под опасада, но бае победени и беа присилени да се повлечат на почетокот од минатата година, кога Турција значително ја зголеми поддршката за ГНА.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден повика на итно повлеќување на руските, турските и другите странски сили од Либија во согласност со мировниот договор. Сепак, останаа околу 20.000 платеници и странски борци, прекршувајќи го рокот за повлекување на 23 јануари.

Напредок?

По години застој изминатите месеци, според ОН донеле „видлив напредок“ – меѓулибиски напредок и мало закрепнување на клучното производство на нафта.

Минатата недела либиските пратеници во Швајцарија се договорија за привремена нова извршна власт.
Но, огромни предизвици стојат на патот на процесот што треба да доведе до одржување национални избори на 24 декември.

Додека ОН сакаат Либијците сами да одлучуваат за својата иднина, се чини дека не е изводливо ниту едно решение без согласност на странските сили кои се приклучија на конфликтот со испраќање војници, дронови и петродолари.

„Ситуацијата се стабилизира на површината“, рече Бади во изјавата пред објавување на новата извршна власт, предупредувајќи дека нема причина за прекумерен оптимизам во земја во која пропаднале неколку меѓународни иницијативи за мир.

Тековната дипломатска динамика, рече тој, „е само нуспроизвод на сегашната воздржаност од продолжување на војната, а не вистинска желба да се постигне политичко решение“.

Страдањето на народот

И додека либиското примирје создаде впечаток на нормалност, жителите во Триполи сè уште немаат електрична енергија и гориво.

Сиромаштијата дополнително се продлабочи како резултат на влијанието на епидемијата ковида-19 врз земјата со најголеми резерви на нафта во Африка, каде сега се распаѓа системот на јавно здравје.
Енергетскиот сектор сочинува околу 60 проценти од економското производство и некогаш обезбедуваше дарежлива социјална држава. Но, војната предизвика долготрајни затворања и голем дел од нафтената инфраструктура е оштетен или дотраен.

Минатата година вооружени групи лојални на Хафтар го блокираа производството и извозот од најважните либиски нафтени полиња и терминали, барајќи „поправедна“ дистрибуција на приходите, управувана од ГНА. Хафтар се согласи да ја укине блокадата во септември, а до декември производството се искачи на 1,2 милиони барели на ден – десеткратно зголемување, но сепак под 1,5 милиони барели од времето на Гадафи.

Либија гледа напредок, но се соочува со големи политички предизвици, рече Џалал Харшави од Глобална иницијатива.

„На строго техничко ниво, ако го погледнете бројот на убиени Либијци на дневна основа, тој значително опадна“, изјави тој за АФП.

Но, тој праша: „Дали е постигнат напредок на политичко ниво? Дали сме надвор од неволја? Дефинитивно не“. “

„Многу нешта можат да се случат. Населението е крајно незадоволно … елитите се прилично рамнодушни на страдањата на луѓето“.

Маџи рече дека и покрај тоа не жали поради востанието.

„Иако земјата сè уште е длабока во војна, насилство и хаос по 10 години, не жалам што ја поддржав револуцијата. Беше потребно и сè уште верувам во тоа “. (ХИНА)