Либан трпи големи човечки и инфраструктурни трошоци поради конфликтот меѓу Израел и Хезболах


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) вчера соопшти дека ја следи ескалацијата на влијанието на конфликтот меѓу Израел и Хезболах врз Либан, кој трпи големи човечки и инфраструктурни трошоци, но сè уште е рано да се процени економското влијание.

– Со сериозна загриженост ја следиме ескалацијата на конфликтот во областа, рече портпаролот на ММФ.

– Сегашниот конфликт предизвикува големи човечки жртви, ја оштетува физичката инфраструктура во јужен Либан и ја влошува и онака кревката макроекономска и општествена ситуација во Либан, додаде тој.