Леди Гага сними песна за „Топ Ган: Маверик“: Hold My Hand е љубовно писмо до светот


САД– Леди Гага изгледа подготвена да се искачи на небо во најновата објава на „Инстаграм“, во која ја промовира песната Hold My Hand за музиката на претстојниот филм „Топ ган: Маверик“.

Поп-ѕвездата (36) во средата сподели црно-белата фотографија од неа во бела маица без ракави и кожени панталони. Таа позира со раширени раце на едната страна на борбен авион.

Во описот на објавата стои: „Кога ја напишав оваа песна за Top Gun: Maverick, не ни сфатив колку слоеви се простираат преку срцето на филмот, мојата сопствена психа и природата на светот во кој живееме“.

„Многу сум им благодарна на Том Круз и Ханс Цимер и на режисерот Џозеф Косински за оваа можност – беше прекрасно искуство да се работи со нив“.

Песната ќе биде промовирана на 3 мај, а филмот на 27 мај. 

Том Круз (59) се прослави со својот прв долгометражен филм во 1986 година, а во новиот филм, глуми заедно со Џенифер Конели, Вал Килмер, Ед Харис и други. Песната од „Топ Ган“- Take My Breathe Away во изведба на „Берлин“  е една од најубавите балади на сите времиња.