Леди Гага продолжува со шоуто „Џез и пијано“ во Лас Вегас


САД– Со драматични тоалети и како одличен шоумен Леди Гага се враќа во Лас Вегас во  Парк МГМ, со шоуто „Џез и пијано“ по настапите во 2018, 2019 и 2021 година. Настапот „Џез и пијано“ е забавен, ангажиран, едукативен (делумно благодарение на црно -белите филмски меѓусебни приказни во кои Гага зборува за историјата на џезот и нејзините влијанија во него), и е строго замислена за моќ и провокација без да биде вознемирувачка. Плус, целосно ја демонстрира извонредната изведувачка моќ и големото срце – на својата ѕвезда.

Концертите започнуват на 14-ти април и ќе траат до 1-ви мај. Според соопштението за печатот, настапите ќе ја  „слават нејзината љубов кон Големата американска книга со песни“, покрај тоа што ќе се појават песни од Love for Sale, нејзиниот заеднички албум номиниран за Греми со Тони Бенет.

Претпродажбата на билетите започнува утре, 1 февруари во 10:00 часот по локално време за оние кои ќе се пријават за да го добијат својот специјален код на gagavegas.com. Билетите ќе бидат пуштени во продажба за пошироката јавност во петок, 4 февруари во 10:00 часот по PT преку Ticketmaster.

Гага е актуелна со улогата на Патриција Реџани во Куќата Гучи на Ридли Скот. Во декември, таа го придружуваше Тони Бенет за специјалната емисија на MTV Unplugged за Love for Sale, еден од неговите последни настапи пред официјално да се пензионира поради неговата битка со Алцхајмерова болест. Минатото лето таа го издаде Dawn of Chromatica: The Remix Album и јубилејното 10-то луксузно издание на Born This Way.