Лебот на „Жито лукс“ поевтини за 9,8 отсто (фото)
Еден од најпродаваните производи на „Жито лукс“, белиот леб сечен на апрчиња, во пакување по 470 грама, конечно поевтини. Тој до сега се продаваше за 51 денар за векна, а сега неговата цена изнесува 46 денари или за 9,8 отсто помалку.
Ова намалување е речиси на граница на најавите на владините министри кои велеа дека очекуваат поевтинување на прехранбените производи за околу 10 отсто, откако Владата донесе мерки со кои им излезе во пресрет на производителите, намалувајќи ги влезните трошоци за електрична енергија.
Производителите, пак, беа резервирани, бидејќи, како што образложуваа, електричната енергија е само еден од чинителите, покрај цените на суровините на светските пазари.
И од опозицијата постојано ја прашуваа владата зошто производите, пред сѐ, основниот прехранбен артикал, лебот, сѐ уште се продава по повисоки цени.