Кубанската влада собра десетици илјади приврзаници – претседателот им се обрати
Кубанската влада собра десетици илјади приврзаници на улиците, една недела по најголемите антивладини протести во текот на неколку децении.
Претседателот на Куба, Мигел Дијаз Канел, следен од претходниот претседател Раул Кастро (90), се појави на местото каде претходниот викенд се одржуваа едни од најголемите антивладини протести против политичкиот систем.
Канал одржа страсвен говот, обвинувајќи ги САД за неодаменшните нереди и економските санкции, „блокада, аграсија и терор“, додека приврзаниците мавтаа со кубански знаменца и знамиња на Движењето 26 јули, кое Фидел Кастро го водеше во текот на кубанската револуција.
„Непријателот се врати за на нас да фрли се што има, со цел да го уништи светото единство и мериот на граѓаните“, рече претседателот на Куба.
Тој заврши со обраќањето со традиционалниот повик „Татковината или смрт“, што е слоган, како што анведува АП, исмеан минатата недела од демонстрантите кои извикуваа „Татковината или живот“.
Хавана претходните денови се враќа во нормала, иако интернет мобилниот сервис кои властите го исклучија минатата недела е лимитиран.