Кремљ го омекнува Лавров: Новинарите биле виновни за неговата изјава за „прекин на односите со ЕУ“

Неколку часа по изјавата на рускиот министер за надворешни работи дека земјата е подготвена да ги прекине односите со ЕУ, Кремљ и министерството за надворешни работи во Москва почнаа да објаснуваат дека тоа не е така, туку токму спротивното.
Руското Министерство за надворешни работи објави на својата веб-страница само 37 секунди извадок од долгиот разговор на Сергеј Лавров со ТВ-презентерот Владимир Соловјов. Во него, дипломатот рече дека ако ЕУ продолжи со санкции, земјата е подготвена за прекин на односите и заврши со зборовите „ако сакате мир, подгответе се за војна“.
„Заедно со санкциите, научивме да бидеме самостојни. Не сакаме самоизолација“, рече Лавров скоро 45 минути по разговорот за тоа зошто договорите од Минск за Украина не функционираат. Тука започнува делот за иднината на односите со ЕУ, при што министерот прво потсетува дека таа е најголемиот трговски партнер на Русија, повеќето инвестиции во Русија доаѓаат од ЕУ. Потоа следува пасус крена врева во јавноста, по што германското министерство за надворешни работи ги нарече коментарите на Лавров „навистина разочарувачки и неразбирливи“.
Набргу потоа, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, се обиде да го ублаќи тонот на Лавров и ги обвини медиумите дека ги цитираат зборовите на министерот надвор од контекст и дека прават сензационални наслови. „Ова е голема грешка на медиумите, ова е грешка што го менува значењето. И поентата е дека ние не го сакаме ова, ние сакаме да ги развиваме односите со Европската унија, но ако Европската унија оди по овој пат, тогаш ќе бидеме подготвени“, им рече портпаролот на новинарите.
Тој продолжи да ги обвинува новинарите дека даваат впечаток оти „само Русија веројатно ќе го иницира прекинот на односите со Европската унија“.
На прашањето дали е можно такво сценарио, Песков рече: „Се разбира, ако се соочиме со крајно деструктивна линија што ја оштетува нашата инфраструктура, нашите интереси, тогаш, се разбира, Русија мора да биде подготвена на време за вакви непријателски чекори“.
Според него, официјалниот став на ЕУ формиран со консензус, „го одредува русофобично малцинство“. (Според агенциите)