Корона – новата варијанта Му се шири и во Европа


Варијантата Му прво беше откриена во Колумбија

Новата варијанта на корона вирусот наречена Му е назначена за варијанта од интерес од Светската здравствена организација (СЗО), пренесува PA Media. Му, или Б.1.621, првпат беше идентификувана во Колумбија, а случаите се регистрирани во Јужна Америка и Европа.

Во неделниот билтен на СЗО за пандемијата се вели дека варијантата има мутации кои сугерираат дека може да биде поотпорна на вакцини, како што беше случајот со Бета, но дека ќе бидат потребни повеќе студии за понатамошно испитување.

СЗО нагласува: „Од првата идентификација во Колумбија во јануари 2021 година, имаше неколку спорадични извештаи за случаи на варијанта Му и некои поголеми епидемии беа пријавени од други земји во Јужна Америка и во Европа.

„Иако глобалната распространетост на варијантата Му кај последователните случаи е намалена и во моментов е под 0,1%, преваленцата во Колумбија (39%) и Еквадор (13%) постојано се зголемува.

Постојат четири загрижувачки варијанти на корона вирус, како што смета СЗО, со варијанта Алфа – прво откриена  во Кент – ја има во 193 земји, Бета во 141, Гама во 91 и Делта во 170 земји, додека Му е петтата варијанта.