Колку губењето на тежината е значајно за имунитетот?


Австралиски истражувачи открија дека гојазните лица со губење само 10 килограми може да го вратат имуниот систем во рамнотежа.

Вишокот маснотии во пределот на стомакот може да го насочи одбранбениот систем на телото против вас, што може да доведе до срцеви заболувања и други болести.

Имуниот систем се состои од многу различни видови клетки кои го штитат телото од патогени. Овие клетки мора да коегзистираат во одредена рамнотежа за да се одржи доброто здравје.

Многу фактори, вклучително и исхраната и вишокот телесни масти, може да ја нарушат оваа рамнотежа, стварајќи имуни клетки кои може да го оштетат, а не да го заштитат нашето тело.

Научниците веќе некое време знаат дека вишокот телесни масти, посебно оние во пределот на стомакот, поттикнуваат производство на ткн. „проинфламаторни“ имуни клетки, кои циркулираат во крвта и поттикнуваат воспаление во нашите тела.

Такви хронични воспаленија се поврзани со болести на коронарните артерии и други здравствени проблеми. Покрај тоа, други инфламаторни имуни клетки, познати како макрофаги, исто така се вклучени во масното ткиво, пишува Life Science.

Студијата проучувала гојазни луѓе со дијабетес тип 2 или преддијабетес, кои биле ограничени на исхрана од 1.000 до 1.600 калории дневно во текот на 24 недели.

Резултатите покажале дека дошло до намалување на бројот проинфламаторни имуносни клетки за 80 отсто, како и намалена активација на макрофаги во масните ткива на учесниците.

„Нарушувањата на телесната тежина сега погаѓаат многу луѓе, а гојазноста е главна причина за дијабетес тип 2 и некои карциноми“, вели истражувачката Кетрин Самарс, професорка на институтот за медицински истражувања Гарван во Сиднеј.

Самарс исто така рече дека губитокот на тежина од околу шест килограми бил доволен да се намалат проинфламаторните клетки и да се сведат на ниво на кое се наоѓаат луѓето кои немаат вишок телесни масти.

Научниците можеле да предвидат и колку луѓе ќе изгуабт на тежина по операција врз база на тоа колку се активни имунолошките клетки во нивните масти, а потребно е повеќе работа за да се открие точната улога на овие имуносни клетки во дебелеењето и кај дијабетесот тип 2, велат истражувачите.