Личи на полнети пиперки: Традиционално турско јадење


Соган долма е јадење кое се подготвува во Турција, а кога е во прашање вкусот, наликува на полнети пиперки.

Ова јадење лесно се подготвува, а неверојатно сочно, комбинацијата на вкусови е неодолива:

Потребно е:

500 гр мелено говедско месо
150 гр ориз
8 главици кромид
5 лажици масло
200 мл сок од домати
сол
бибер
мелена пиперка
малку сланина

Подготовка:

Прво загрејте ја рерната на 200 степени. Потоа неопходно е да се исчисти кромидот и да се стави да се готви во врела вода десет минути. Потоа извадете го од зовриената вода и префрлете го во ладна вода. Одделете ја средината на кромидот, треба да останат само неколку слоеви. Средината на кромидот се сечка и се пржи со месо и сланина. Додадете го измиениот ориз и посолете. Истурете вода и зовријте уште малку. Кога водата ќе зоврие, ставете го полнетиот кромид еден до друг. Додадете вода, покријте и варете на силен оган додека водата не испари. Додадете сок од домати и уште малку вода. Покријте ја тавата со фолија. Се пече околу 15 минути, во рерна загреана на 200 степени.

Убав апетит!