Кинеската банка го одобри вториот дел од кредитот за изградба на автопатот Кичево – Охрид
Последниот дел од кредитот од кинеската банка EXIM за изградба на автопатот Кичево – Охрид е одобрен и наскоро ќе бидат префрлени парите.
Вториот дел од кредитот беше договорена во анексот 2018 година и истата е во висина од 211 милиони долари.
Делницата од 57 километри се гради веќе 10 години, со две влади. Новиот министер за транспорт и врски Александар Николоски ја најави како приоритетна.
Крајниот рок на изградба е на 1. јануари 2026 година. За изградба се земени кинески кредити во износ од 772 милиони долари.
Претходната власт укажуваше дека автопатот не е готов поради појава на свлечишта и лошо планирање.