Кинеска освои олимписко злато во слободно скијање
Кинеската натпреварувачка во дисциплината слободно скијање Ејлин Гу освои олимписо злато, во дисциплината халфпајп.
Таа победи со освоени 95,25 бодови, и така дојде до трет медал на игрите во Пекинг.
Претходно освои злато во бир ер, а во слопстил беше сребрена.
Олимписката шампионка од Пјонгчанг, Канаѓанката Кеси Шарп дојде до сребрениот медал со 90,75 бодови, а нејзината сонародничка Рејчел Каркер освои бронза со 87,75 бодови.
Ова е последен настап на натпреварувачките во слободно скијање во Пекинг.