Киев: Русија подготвува „Мајдан-3“ за крајот на мандатот на Зеленски
Русија ја подготвува операцијата „Мајдан-3“ за крајот на мандатот на Зеленски, објави Украина. Имено,Русија ќе се обиде да фрли сомнеж во легитимноста на одлуките донесени по завршувањето на претседателскиот мандат. Ова го соопштија Службата за безбедност на Украина (СБУ) и Воената разузнавачка служба (ГУР).
Целта е по 20 мај Украинците да се сомневаат дали Зеленски има право да носи одлуки. Кулминацијата ќе биде помеѓу март и мај (мандатот истекува на 20 мај), а целта е да се туркаат другите земји во директен дијалог за војната без учество на Киев. Протестни движења ќе се организираат и низ светот, при што Русија ќе го искористи хаосот во Киев за да нанесе пораз на исток, каде што напредуваше во регионот Авдиевка во последните недели.
Претседателските избори требаше да се одржат на 31 март, но тие нема да се одржат поради воената состојба, вклучително и затоа што некои Украинци нема да можат да гласаат. Во парламентот имаше консензус за одложување на гласањето, а според Зеленски потребни се и законодавни реформи.
Според портпаролот на ГУР, Андриј Јусов, „би било успех за Русија доколку има „протести од големи размери во земјата и недоверба кон владата и нејзините одлуки“.