Полски камионџии ја блокираа границата со Украина, бесни се затоа што губат работа


Полските возачи на камиони денеска ги блокираа патиштата до трите гранични премини со Украина, критикувајќи ја владата дека не презема ништо за тие да ги загубат своите работни места од почетокот на војната меѓу Русија и Украина. Камионџиите од Украина се ослободени од дозволи за преминување на полската граница по руската инвазија на Украина и […]

Преминот Рафа повторно е отворен за евакуација


Граничната управа на Газа штотуку објави дека е отворен преминот Рафа меѓу Египет и Газа. На странците и на лицата со двојно државјанство на египетско-израелската листа за излез ќе им биде дозволено да ја напуштат Газа преку преминот. Египќаните чии имиња беа вклучени во неодамнешните списоци на 1 ноември повикани се веднаш да се упатат […]

Руска ракета погодила украински војници кога им се делеле медали, 19 загинаа


  По извештаите на медиумите планинската јуришна бригада на украинските вооружени сили ја потврди смртта на 19 војници како резултат на руски ракетен напад во областа Запорожје. Ова се наведува во пораката на бригадата. Украинската војска извести дека сега се проверуваат околностите на инцидентот. „До нејзиниот крај бараме да не ширите непроверени, честопати лажни информации. […]

Најмалку осум лица загинаа во снежните бури во Монголија


Најмалку осум лица загинаа во снежните бури во Монголија од петокот, објавија британските медиуми, повикувајќи се на властите. Тешките временски услови зафатија неколку провинции, а спасувачките екипи трагаат по вкупно 46 лица. Најлоша е ситуацијата во Централна Монголија, каде снежната покривка достигнува дебелина од 34 сантиметри. Невремето се очекува да продолжи оваа недела во поголемиот […]

Антисемитизмот експлодира во Франција: 486 лица се уапсени


Француската влада соопшти дека антисемитската активност во земјата експлодирала по почетокот на војната меѓу  Хамас и израелската војска на 7 октомври. Беа извршени 1.040 антисемитски инциденти, а 486 лица беа уапсени. Од 486 уапсени, 102 се странци. Шефот на париската полиција Лоран Нуњез изјави дека имало 257 антисемитски инциденти и 90 апсења во поширокото подрачје […]

(Видео) Зеленски го опцу Путин за време на гостувањето на американска телевизија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опцу рускиот лидер Владимир Путин за време на гостувањето во Meet the Press на американскиот телевизиски канал NBC News. Тој рече дека Украинците не се подготвени да ја предадат својата слобода на „е.аниот терорист“ Владимир Путин. „Имам многу сила, но дури и да се чувствувам силен и имам многу енергија, […]

ИДФ презеле контрола врз база на Хамас во Газа


Израелските одбранбени сили (ИДФ) утринава објавија дека копнените сили „презеле контрола над база на Хамас во Газа”.  Израелската војска наведе дека базата била опремена со набљудувачки позиции, објекти за обука на терористичките  оперативци, како и терористички тунели“, пренесува Би-Би-Си. Како што ИДФ додава, во операцијата „се елиминирани голем број терористи“. ИДФ соопшти дека во текот […]

Украинците уништиле новоизграден руски борбен брод во Керч на Крим


Украински проектил уништи нов брод на руската морнарица во градот Керч на полуостровот Крим, соопштија синоќа украинските воздухопловни сили. Генерал-полковник Микола Олешчук на својот канал на Телеграм објави видео од нападот на бродоградилиштето Залиј во Керч, на крајниот исток на полуостровот. Од снимката не може да се утврди дали бродот навистина бил погоден. За нападот […]

Во Австралија пет лица загинаа кога автомобил влета во паб


Пет лица загинаа, а шест се повредени, меѓу кои и возачот, кога автомобил влета во паб во австралискиот град Дејлсфорд, соопшти денеска полицијата. Момче, двајца мажи на возраст од 30 и една жена на 40-годишна возраст починале на лице место, додека една тинејџерка починала во болница во Мелбурн, каде што била пренесена со хеликоптер по […]

Си-Ен-Ен: САД го предупредуваат Израел поради масакрот во Газа


  Претседателот Џо Бајден и неговите врвни советници се посилно го предупредуваат Израел дека ќе му станува се потешко да ги оствари своите воени цели во Газа, бидејќи глобално има големо негодување кое се интензивира за обемот на хуманитарното страдање.  Бајден, секретарот за одбрана Лојд Остин и државниот секретар Ентони Блинкен – кои во четвртокот […]

Американска подморница со наведувани проектили пристигна на Блискиот Исток


 Американската војска соопшти дека на Блискиот исток пристигнала американска подморница од класата Охајо со наведувани проектили. На социјалните мрежи беше објавена и фотографија на која се гледа подморница во Суецкиот канал североисточно од Каиро. -Војската ретко ги објавува движењата или операциите на својата флота од подморници со балистички и наведувани ракети, а оваа најава е […]

ФАРК ги прекина мировните преговори со колумбиската Влада


 Главната фракција на отцепените Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК) објави дека ги напушта мировните преговори, наведувајќи го како причина „непочитувањето“ на договорот од страна на владата, пренесуваат француските медиуми. „Соопштуваме дека од денеска ги прекинуваме преговорите и го отфрламе дневниот ред договорен меѓу левичарската влада на Густаво Петро и групата, позната како ЕМС-ФАРК, која […]

Појасот Газа практично е поделен, ИДФ подготвени за офанзива на север


Израелските одбранбени сили (ИДФ) целосно го опколија градот Газа и стигнаа до морето, со што појасот Газа практично е поделен на север и југ, изјави на брифинг портпаролот на армијата, бригадниот генерал Даниел Хагари. И началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, синоќа изјави дека армијата е подготвена „во секој момент да почне офанзива […]

Прекината евакуцијата на странците од Газа


Од саботата е прекината евакуацијата на странски државјани и повредени жители на Газа преку преминот Рафа кон Египет, јавија британските медиуми. Евакуацијата е прекината од саботата по смртоносниот напад врз амбулантно возило, соопштија египетски, американски и катарски официјални лица, пренесоа британските медиуми. Палестинската телекомуникациска компанија Палтел соопшти дека сите комуникациски и интернет услуги повторно се […]

Трамп: Ако победам, војната во Украина ќе заврши за 24 часа


Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара дополнителни финансии од САД за неговата земја за да може да се спротивстави на Русија и го повика поранешниот американски претседател Доналд Трамп да го посети Киев и со свои очи да се увери во размерите на војната. Зеленски додаде дека американските војници бо можеле да бидат вовлечени во поширок […]

Една година пред изборите, Трамп води пред Бајден во пет важни држави


  Една година пред претседателските избори во САД, анкета на „Њујорк тајмс“ објавена денеска покажува дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп е пред актуелниот претседател Џо Бајден во пет од шест клучни држави, бидејќи демократот ја губи поддршката меѓу младите луѓе и малцинствата. Според анкетата на „Њујорк тајмс“/Колеџ Сиена, републиканскиот милијардер Доналд Трамп води на […]

Зеленски бара дополнителна помош од САД и го покани Трамп во Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да обезбедат повеќе средства за неговите сили за да се спротивстават на Русија и го покани поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Украина за да се увери во размерите на конфликтот. Зеленски рече дека е можно американските трупи на крајот да бидат вовлечени во поширок конфликт со Русија […]

Обама: Ничии раце не се чисти околу Израел и Палестина


Поранешниот претседател Барак Обама предупреди да не се игнорираат сложеноста на војната меѓу Израел и Хамас, порачувајќи дека во неа „сите сме соучесници“. „Ако сакате да го решите проблемот, тогаш треба да ја земете целата вистина. И тогаш мора да признаете дека ничии раце не се чисти, дека сите ние сме соучесници до одреден степен“, […]

Мирен и масовен протест во Атина за поддршка на Палестина


Мирен и масовен собир со концерт пред грчкиот Парламент и марш до амбасадата на Израел во Атина, одржаа претпладнево синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија, како и разни левичарско ориентирани здруженија и организации, јави дописничката на МИА од Атина.  Собирот започна со говори и обраќања, меѓу кои и на амбасадорот на Палестина во Грција, продолжи со […]

Над 300 Американци, жители на САД се евакуирани од Газа


Повеќе од 300 Американци, жители на САД и нивните семејства се евакуирани од Појасот Газа, соопшти Белата куќа. „Во изминатите неколку дена, преку прилично интензивни преговори со сите страни релевантни за овој конфликт, успеавме да извлечеме повеќе од 300 Американци, законски постојани жители и членови на нивни семејства“, изјави заменик советникот за национална безбедност на […]