Украина ја разнесе главната железничка врска меѓу Русија и Кина


 

Украинската безбедносна служба разнела железничка врска што ја поврзува Русија со Кина, во таен напад извршен длабоко во непријателска територија, при што про-Кремљ медиуми известуваат дека истражителите отвориле кривично дело за „терористички напад“.

СБУ предизвика неколку експлозии во тунелот Северомујски на линијата Бајкал-Амур во Бурјатија, кој се наоѓа на околу 6.000 километри источно од Украина.

Тоа е единствената сериозна железничка врска меѓу Руската Федерација и Кина. И во моментов, оваа рута, која Русија ја користи, вклучително и за воени набавки, е парализирана.

Четири експлозивни направи се активирале додека товарен воз се движел во тунелот. Украинската служба за безбедност јавно не го потврди нападот. Русија, исто така, засега не ја потврди саботажата.

„На потегот Итикит – Окусикан во Бурјатија, додека возеше низ тунелот, екипажот на локомотивата на товарниот воз забележа чад од еден од резервоарите за дизел гориво. Возот бил запрен, а на помош биле испратени два воза за гаснење пожари од околните градови. Движењето на возовите не беше прекинато, беше организирано по обиколница со мало зголемување на времето на патување“, се вели во соопштението на руската државна железничка компанија во четвртокот.

Според извештаи во медиумите, четири експлозивни направи се активирале додека товарниот воз се движел. Возот вклучувал 41 цистерни со гориво, три цистерни со воздухопловно гориво и 6 вагони со метал. На местото на настанот работат претставници на полицијата и Федералната служба за безбедност.

Според друга верзија, пожарот можел да биде предизвикан од краток спој во кабелската мрежа. Машиновозачот и неговиот помошник не се повредени, но оштетени се три вагони-цистерни, од кои едната е целосно изгорена.

Тунелот Северомујски, со должина од 15.343 метри, е најдолгиот во Русија. Постои алтернативна рута, но нејзиниот капацитет е помал. Најмалку десет товарни возови беа пријавени за доцнење.