Климатски активисти упаднаа на пистата на аеродромот во Минхен, предизвикувајќи колапс


Германската полиција уапси осум климатски активисти кои упаднаа на аеродромот во Минхен, затворајќи го накратко и откажани околу 60 летови. Шест климатски активисти пробија и се закачија на пистата со лепак, изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека ситуацијата сега е под контрола и дека двете аеродромски писти се отворени за слетување и полетување. Овој упад […]

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев. Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас. Тој ги […]

Трамп „ќе стави крај на електричните возила“ ако нафтените гиганти му дадат милијарда долари?


Доналд Трамп се обидува да освои што повеќе поддржувачи пред претседателските избори во САД, а последни во низата чии симпатии се обиде да ги освои се нафтените гиганти. Трамп, кој повторно се кандидираше за претседател, наводно им ветил на шефовите на големите нафтени компании дека „ќе стави крај на електричните автомобили“ доколку донираат милијарда долари […]

Советот на Европа усвои правно обврзувачки меѓународен договор за вештачка интелигенција


Советот на Европа денеска го усвои првиот правно обврзувачки меѓународен договор за вештачка интелигенција. Договорот вклучува барања за транспарентност и идентификација на содржината. „Договорот, кој е отворен за потпишување и од неевропските земји, воспоставува правна рамка што се применува во текот на целиот животен циклус на системите за вештачка интелигенција што овие системи можат да […]

(Видео) Северна Италија зафатена од поплави по силниот дожд


Невремето и обилните дождови предизвикаа поплави во многу делови на северна Италија, а особено се погодени градовите Падова и Виченца, пишува Би-би-си. Службите за итни случаи користат гумени чамци за да ги спасат луѓето од нивните домови, а на снимката се гледаат автомобили како пливаат по улиците. Гувернерот на провинцијата Венето ги опиша временските услови […]

Гори аеродром во Русија


Пожар избувна на аеродромот во градот Минерални Води во југозападна Русија денеска за време на градежни работи, јави агенцијата РИА, повикувајќи се на информации од службите за итни случаи. Пожарот избувнал на покривот на терминалот за пристигнување. Агенцијата ТАСС јави дека противпожарните екипи се на пат кон местото на настанот. #BREAKING A fire broke out […]

Уште еднаш опериран Роберт Фицо


Словачкиот премиер Роберт Фицо беше опериран во петокот, известија неговиот заменик Роберт Калинак и директорката на болницата во Банска Бистрица Миријам Лапуникова, додавајќи дека неговата состојба е стабилна, но сепак сериозна. „Некротичното ткиво оставено од прострелната рана е отстрането. Пациентот сега е свесен, стабилизиран, но се уште се лекува на Одделот за интензивна нега. Неговата […]

Грузија врие, ЕУ спие (Видео)


ТБИЛИСИ, Грузија – Десетици илјади Грузијци излегоа на улиците во текот на изминатиот месец, многумина обвиткани во сини и златни знамиња на ЕУ, соочувајќи се со полицијата  вооружена со штитови, палки и водени топови. Толпи почнаа да се собираат пред зградата на парламентот во центарот на Тбилиси рано во средата, само еден ден откако безбедносните […]

Пристигна првата помош за Газа од американското пловечко пристаниште


  Камиони со многу потребна помош за Појасот Газа тргнаа преку новоизграденото американско пристаниште и во опколената енклава за прв пат во петокот, бидејќи израелските ограничувања на граничните премини и тешките борби ја попречија испораката на храна и други залихи. Пратката е прва во операцијата за која американските воени претставници предвидуваат дека би можела да […]

Како работи руската пропаганда?


Методите што ги користи руската пропаганда ги опиша руски новинар уште во 2016 година и тие се уште се применуваат и се релевантни. „Студирав на Факултетот за новинарство на Московскиот државен универзитет. Имавме воен оддел. Во атмосфера на тајност, нè учеа посебна борбена пропаганда – уметност на сеење раздор во редовите на непријателот со помош […]

Украина со ракети уништи три борбени авиони на Крим


  Два ракетни напади на аеродромот Белбек на Крим беа успешни. Украина успеа да уништи три воени авиони и две згради во базата, според Си-Ен-Ен, кој добил сателитски снимки кои ги покажуваат резултатите од ударот. Ноќта на 15 мај, а потоа и вечерта истиот ден, украинските вооружени сили двапати користеа американски ракети АТАКМС за напад […]

Ходорковски: Западот ја губи војната со Русија (ВИДЕО)


Западот ја губи војната: сегашните напори се недоволни за да се спречи падот на клучните украински региони во рацете на Владимир Путин во следните две години, порача рускиот олигарх и опозиционер Михаил Ходорковски. Според неговите пресметки, Путин троши околу 120 милијарди долари годишно на војната – или 5,4% од рускиот БДП од 2,2 трилиони долари […]

Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел


На Украина и треба повеќе оружје со долг дострел за да се бори против руското напредување во регионот Харков, каде ситуацијата на бојното поле е „многу драматична“, изјави денеска шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок. На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Советот на Европа во Стразбур, таа потенцира дека е важно […]

Дезинформации за атентатот на Фицо, пораката е – кој е следен?


Неколку часа по обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо, информациите почнаа да се користат во извртен контекст. „Веќе во првите минути, откако во локалните, а потоа и во светските агенции се појави веста за обидот за атентат, почнаа да се шират дезинформациски наративи, обединети главно околу три теми: опозицијата, медиумите во земјата и […]

Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина


Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа со која се признава планот на претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, како единствен предлог за мир во Украина. „Советот и денеска сакаше да донесе резолуција со која сакаше да го признае мировниот план на претседателот […]

Израел ќе биде сослушан пред Меѓународниот суд за правда


Сослушувањето на Израел пред Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) е закажано за денеска, еден ден откако заврши сослушувањето во Јужна Африка за барањето за дополнителни мерки поради израелските напади врз Газа и Рафа. Јужноафриканскиот амбасадор во Холандија, Вуси Мадонсела изјави дека Јужна Африка се вратила во Судот за да „направи сè што може за да […]

Можно е Фицо да биде префрлен на лекување во Братислава


На 20 мај во Словачка ќе се одржи совет за итна медицинска помош за здравствената состојба и соодветен третман на премиерот Роберт Фицо, кој пред два дена беше застрелан. Лекарите ќе разговараат и за можното префрлање на Фицо, кој по атентатот беше опериран во болницата „Френклин Д. Рузвелт во Банска Бистрица, на понатамошно лекување во […]

Пукање кај израелската амбасада во Стокхолм, неколкумина уапсени


Шведската полиција приведе неколку лица и опколи област во Стокхолм, откако патрола слушнала наводен истрел, соопшти полицијата во петокот, а израелската амбасада е во опкружената област. „Полициска патрола во Страндваген во Стокхолм слушнала звуци и се посомневала дека има пукање“, објави полицијата на својата веб-страница, додавајќи дека погодената област е помеѓу мостот Џургарден, Нобеловиот парк […]

Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот


Француската полиција уби вооружен маж кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни работи. Мажот бил вооружен со нож, а кога се движел кон полицајците, тие го застрелале, се вели во извештаите. Градоначалникот на Руан, Николас Мајер-Росињаол, изјави дека нападот на синагогата не ја погодува само еврејската заедница, […]

(Видео) Огромно невреме во Хјустон, четворица мртви, градот во темнина


Силна бура со урагански ветрови го зафати Хјустон вчера, однесе најмалку четири животи, искрши прозорци на облакодери и остави 800.000 домови без струја, потопувајќи голем дел од градот во темнина, рече градоначалникот. Поголемиот дел од центарот на Хјустон и неговата комерцијална област беа преполни со урнати далноводи и стакло од скршените прозорци по невремето, а […]